svet

November 19, 2008 15:33

By

ROK-SPEKTAKL NA SAEM

 

Сабота, 25 октомври, Скопје

Ален Исламовиќ, Младен Војичиќ-Тифа и Жељко Бебек и по дваесет години приредија невидена журка во “Метрополис арената“ на Скопски саем. Тие викендов собраа преку 9 илјади посетители. Река од луѓе уште во 19 часот се слеваше кон саемот, а сликата која не дочека пред вратата не не изненади: публиката врескаше, обезбедувањето мака мачеше да обезбеди ред… Но кога тројцата рокери со својот бенд се појавија на сцената – се запре за миг. Врисокот од илјадниците присутни го пречека излегувањето на Тифа.
“Добро вечер, Скопје!“ и публиката експлодираше од овации. Дамите и на овој концерт ги зазедоа првите редови, хипнотизирано гледајќи во своите идоли. “Падају звезде“, “Битанга и принцеза“, “Након свих ових година“, “Хај нек се чује, чује“, “Липе цвату“, “Ѓурѓевдан“ беа само дел од големите хитови со кои публиката се забавуваше точно до полноќ. Меѓу обожавателите на “Бело Дугме“ ги забележавме и мисицата Маја Сашек, поп-пејачот Мартин Вучиќ, Ранко Бубамара, Олгица Христовска, Александар Бичиклиски, Гаро Тавитјан, Деана, Бане Поповиќ со сопругата, “Силви Бенд“ и многу други. Концертот за кој уште долго ќе се зборува го организираше “Скопски саем“.

Уште и оваа…

*Ален, Бебек и Тифа фатија и лопати во рака во саботата на пладне за да засадат дрво. По прес-конференцијата во кругот на саемот, микрофоните ги заменија со лопати и секој си засади дрво кое ќе го носи неговото име.

*Организаторот и покрај солидната организација направи пропуст за новинарите, а особено за фоторепортерите, бидејќи немаше поставено посебно место за фотографирање, а пред сцената истото не беше дозволено.

ПАРТИ ПСТТТ….

Портпаролот на владеачката ВМРО Александар Бичиклиски не сакаше да се фотографира од причина што бил облечен во тренерки. Ние овој пат му простивме, наредба од шефот си е наредба, па зарем без костум да се оди на концерт.?!

Autor: Александар Наков

Foto: Јасна Суша